Свет
29. October 2015 - 14:34

Нова колона со хуманитарна помош од Русија испратена во источна Украина

Русија испрати денеска нова хуманитарна помош за регионите во Украина што се под контрола на сепаратистите, јави Тасс.

Таа е составена од над 100 возила натоварени со повеќе од 1.100 тони хуманитарна помош воглавно храна. Тоа е 43-та хуманитарна колона на руското Министерство за вонредни ситуации за Украина.

Еден дел од помошта оди за Доњецк, додека другиот за Лугањск.

Од средината на август минатата година руското МВС достави во регионите во источна Украина, под контрола на проруските сепаратисти, над 51.000 тони хуманитарна помош.