Нова книга есеи од Љубиша Георгиевски во издание на „Макавеј“
„Тероризмот и кризата на демократијата“ е насловот на новата збирка есеи на познатиот театарски и филмски режисер, драматург и македонски интелектуален бард Љубиша Георгиевски што ја објави скопската издавачка куќа „Макавеј“.
Во препораката кон изданието, писателот и литературен критичар Бранко Цветкоски, вели дека книгата „Тероризмот и кризата на демократијата“ претставува фуриозна интелектуална расправа за позицијата на слободната личност низ историјата, во политичкиот живот, во уметноста и во одбраната на сопствената хуманистичка визија.
- Сите есеи во книгата на Георгиевски се истовремено и актуелни реплики со реска мисловност и жестока иронија на случувањата во нашиот современ живот, при што посебна мета на критика се процесите на жестоката и неконтролирана глобализација, разгромот на традиционалните вредности, пропаста на општествените системи и валканите транзициски процеси во светот, потенцира Цветкоски.
Георгиевски е автор на уште десетина книги со драмски текстови, филозофско-политички есеи и теориски истражувања на театарската уметност.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација