Бизнис
13. April 2017 - 19:41

Нова инвестиција во Македонија, полска компанија ќе произведува електрични автобуси и земјоделска механизација

Полска компанија ќе инвестира во Македонија.  Интерната одлука за вложување веќе е донесена, а нејзиното официјално објавување се очекува најдоцна за 2 месеци, откри  заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Ивана Николиќ. Станува збор за крупна инвестиција, која ќе отвори многу работни места, но името и вредноста ќе се објават наскоро

-Станува збор за компанија која ќе произведува електрични автобуси , трактори и останати машини за земјоделието.Одлуката за инвестирање ќе ја донесат најдоцна за еден до два месеци, изјави Ивана Николиќ, заменик директор на Агенција за странски инвестиции

Наредниот период се очекува влез и на други компании. Агенцијата заедно со владиниот тим, и покрај политичката криза, постојано се на терен и ги презентираат потенцијалите за инвестирање.

Секој член од тимот веќе  е во завршна фаза со преговорите со  2 до 3 компании. така што наскоро може да се очекува и нивно објавување

Инаку, изминативе денови објавени беа две нови инвестиции,  германска и американска, кои вкупно ќе вложат 14 милиони евра и ќе вработат најмалку 450 лица.

Нивната одлука за вложување била донесена токму на бизнис форумите каде се презентираат поволностите кои ги нуди државата.