Бизнис
26. October 2019 - 19:31

Нова иницијатива за забрана на обложувалниците во околината на училишта и градинки

Петте најголеми коцарници и обложувалници лани завртеле 250 милиони евра, од кои речиси 8,5 милиони евра се добивка. Сите, освен една обложувалница имале раст на приходите минатата година. Ќарот на најголемата надминува 5 милиони евра . Вработува 870 лица. Ако се спореди добивката со бројот на вработени, најголемата обложувалница има профит од  6,032 евра по вработен. Второрангираната со 310 вработени има профит од речиси 4,000 евра по вработен, а последна на листата со 560 вработени има  666 евра  профит по вработен. Од Асоциајциајта на обложувалници  велат дека исто толкава сума, односно 253 милиони евра  се слеале во буџетот од игри на среќа

 По неколку неуспешни обиди, во тек е нова иницијатива за измени во Законот за игри на среќа. Подносител е пратеничката група на ДУИ. Бараат  обложувалниците да бидат дислоцирани на најмалку 500 метри од факултетите и училиштата , за да не влијаат врз младата популација  во насочување на лоши и несоодветни навики з анивната воздраср, вели Ејуп  Алими од  ДУИ.

“Коцкањето создава зависност. Сите обложувалници годишно имаат промет од 300 до 400 милиони евра, што значи во просек  по 500 евра годишно  троши едно домаќинство во казина и обложувалници..Од нив, 100 милиони завршуваат во буџетот за давачки, а останатите 300 милиони во џебот на олигарсите. За што служат обложувалниците кои ги има на секој чекор? Служат да се  крадат граѓаните, да стануваат се посиромашни. На општеството не му носат ништо добро, освен на џебот на олигарсите”, вели Алими.

 Ставот на обложувалниците е дека, ако се усвојат законските измени, сите ќе стават клуч на врата.

  Ова би значело дека 7,700 лица ќе останат на улица, додава Илијевски од АСОМ

Минатата година албанскиот премиер Еди Рама ги забрани обложувалниците во неговата земја, со аргумент дека граѓаните премногу трошат пари во казина, или за една година 130 милиони евра. Тогаш голем  дел од обложувалниците се префрлија во Македонија и Албанија.