Македонија
15. December 2018 - 8:34

Нова градинка во битолско Кравари

 Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска за време на денешната работна посета на Општина Битола, ќе присуствува на отворањето на нова  градинка во село Кравари.

Според агендата, министерката Царовска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски ќе ги презентираат и новите активни мерки и мерките за самовработување, како дел од Саемот за кариера во Битола.

Предвидена е и посета на новоотворениот Ресурсен центар за слепи лица во Битола.