Македонија
21. јуни 2018 - 16:35

Нова Демократија нема да го ратификува договорот во грчкиот парламент

Нова Демократија нема да го ратификува договорот за името во парламентот ,повтори денеска  лидерот на најголемата опозициска партија во Грција, Кирјакос Мицотакис.

Зборувајки на прославата на 105 годишнината од ослободувањето на Кукуш, тој го обвини Ципрас дека направил лош договор и дека на северниот сосед им го дал она за што ниедна грчка влада досега не преговарала, а тоа се  македонската националност и македонскиот јазик.

Мицотакис порача дека се повеќе Грци сфакаат дека се работи за лош договор.

Од Нова демократијата како врв на лицемерие го коментираат барањето на коалициониот партнер на Ципрас, Каменос да се зголеми бројот на пратеници кој е потребен за ратификацијата на догворот од 151 на 180.

Какво и мнозинството да направат Ципрас и Каменос, ние нема да гласаме за ратификација, и официјално со соопштение порачаа од Нова Демократија.

Во меѓувреме продолжуваат ниските удари мегу Сириза и НОва Демократија. Откако во јавност излезе снимката на пратеникот од владеачката партија Константинос Селцас како во родно Леринско игра македонско оро,  сега на социјалните мрежи протече и видео од пратеникот на Нова демократија Јанис Антониадис,  по многубројните коментари кои ја проследија снимката рекоа дека Антониадис  одлично игра на македонски јазик.