Македонија
17. December 2015 - 10:26

Нова читална во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје доби современо опремена читална. Се простира на површина од 160 метри квадратни, во блокот Б, на шестиот кат.

Читалната е уредена со нов инвентар - маси, столови и библиотека, каде што студентите ќе може во квалитетни услови да ги подготвуваат своите  испити. 

Просторот е опремен со донација од 8.500 евра од компанијата „Еуролинк осигурување“ која покрај со финансиска се вклучила и со логистичка поддршка и со креирање идејно решение за уредување на внатрешниот простор на читалната.