Бизнис
30. July 2018 - 8:20

Нова цена на парното во Скопје

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за денеска најави информација за цените на топлинската енергија. 

Воедно на три подготвителни седници РКЕ треба да донесе предлог одлуки за одобрување регулиран максимален приход  и тарифни ставови на Балкан енерџи (производство, дистрибуција и снабдување со топлина) како и за Друштво за снабдување со пареа и топла вода СКОПЈЕ СЕВЕР АД – Скопје и АД ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА Скопје – Подружница Енергетика Скопје.

Со одлука на РКЕ од први месецов за 0,1 процент беше намалена цената на електричната енергија.