Нова цена на горивата во Македонија
Со последната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика донесена пред две недели, цената на бензините останува иста, а дизел горивата поскапеа за половина денар по литар.
Со одлуката се изврши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03, односно 0,59 отсто. Малопродажна цена на на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 47, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 35,5 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 останаа исти, односно 60,5 и 62,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,048 денари за килограм се зголеми и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и изнесува 24,187 денари за килограм.
Како причина за промената на малопродажната цена на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 3,71 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 2,13 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.
Останува да видиме каква одлука ќе донесе РКЕ во понеделник и дали ќе возиме поскап или поевтин бензин.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петер Бајер, пратеник на ЦДУ во германскиот Бундестаг
-
„Алкалоид“ донираше течен „омепразол“ на детската клиника и на клиниката „Козле“ за 200 дечиња
-
Преглед на вести од светот
-
30 дена притвор за полицајците од затворот „Идризово“
-
Разузнавачот останал без пасош
-
Засилена претседателска кампања
-
Бурни реакции за Резолуцијата
-
ММФ: Македонија со најнизок раст во регионот, највисок дефицит и јавен долг