Кошарка
5. February 2019 - 15:03

Нова брилијантна партија на Харден, Детроит го изнеанди Денвер

Во НБА лигата ноќеска беа одиграни шест натпревари во кои само на два победи забележаа домашните екипи.
 
Тимот на Детроит направи големо изненадување совладувајќи го Денвер кој е  второ пласираниот тим во Западната конференција. „Пистонси“ пред својата публика забележаа победа со 129-103, а зајзаслужен за овој триумф беше Драмонд кој оствари дабл-дабл со 27 поени и 12 скокови. 
 
Втората победа за домаќините ја оствари Сакраменто кој го совлада фаворизираниот Сан Антонио со 127-112. 
 
Џејмс Харден со 44 поени го предводеше Хјустон до победа на гости кај Феникс со 118-110, а на гостински терен се радуваа и Атланта кај Вашингтон со 137-129, Милвоки кој го победи Бруклин со 113-94 и Индијана која славеше во Њу Орлеанс со 109-107.