Македонија
11. July 2020 - 17:06

Нова аудио бомба: Заев преговара со случаите на СЈО, СДСМ тврди дека барал начин за реформа на судството

На ден пред завршување на изборната кампања објавена е нова аудио бомба на јутјуб насловена “ да се слушне вистината“ во која зборува лидерот на СДСМ. Од разговорот се слуша како  Заев зборува за предметите кои ги водеше СЈО и за прислушуваните разговори кои тој  ги објавуваше. Тој вели дека по 30 јуни 2017 тие нема да важат и тоа било   едно од решенијата кои ги имаат и истото било важно  за ДУИ. Од аудио бомбата се слуша како Заев зборува и за новиот закон за јавно обвинителство. По 30 јуни вели „ живи“ ќе останале само 18 предмети.

Паѓа Талир 2, паѓа Поштенска банка, паѓа еден куп предмети паѓа на Али Ахмети попис и готово целиот ризик е тој. Почнаа да тепаат невладините организации, граѓанскиот сектор… знаејќи го тоа се’, ако го издржавме тоа, нема како. Она знае што се случува во тој момент и знае што мора да се случи, значи ако она не ги заврши работите, судот ќе ги заврши. Така одат работите, судот носи одлука и спротивно мислење. Така да во тој период тоа се случи.

Во снимката тој зборува и за гласање во парламентот а  ги спомнува и Оливер Спасовски,  Радмила Шеќеринска и Катица Јанева.

Дојде Оливер, Радмила корегираа, другите – абе чоек што праиме, сè знае што се прави позадински. На пример што правам јас, кога правиш за сите правиш, генерално сум поставил сам, сум против притворите сум, јавно кажувам со сè. Викам ОК, треба ли тоа у парламент да биде или не треба, ако сакате да се откажува у парламентот. Викаат не, не, важно у Парламентот, па извинете врзани се пратениците, помагал чоекот, тоа е, сум го кажувал тоа.

Од ВМРО ДПМНЕ велат не се изненадени а според нив и  целата јавност знаела дека Заев го контролира судството и обвинителството.

Реакција за аудио бомбата пристигна од СДСМ. Со ова аудио велат се потврдила  вистината дека Заев се борел за Законот за ЈО и продолжување на предметите на СЈО.

СДСМ, претседателот Заев постојано се бореа за обезбедување на двотретитинско мнозинство Собранието со што денес, предметите на Специјалното јавно обвинителство продолжуваат иако тоа веќе не постои.

За разлика од нив, велат  ВМРО ДПМНЕ се бореле за да паднат предмети за да се сокрие нелегално финансирање на нивната партија и да се спасат криминалците на чело со Груевски стои во писмената реакција на СДСМ.