-->
-->
НОВА 24: ФБИ истражува сомнеж за перење на ирански пари во Словенија
-->
Агенти на американското Федерално истражно биро (ФБИ) во Словенија истражуваат евентуално перење ирански пари, во кое наводно е вмешана и српската Влада, објави словенечката телевизија НОВА 24.
Телевизијата посочи дека целата операција на перење на парите се одвивала преку Нова Љубљанска Банка (НЛБ) и траела од 2009 до 2011 година. Во малверзациите била вклучена и српската Влада, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Телевизијата НОВА 24 веќе побара официјални информации од словенечкиот премиер Марјан Шарец.
Како што претходно јави МИА, во саботата на љубљанскиот аеродром Брник слета американски таен авион. Според дел од словенечките медиуми со летот пристигнале 20 истражители на ФБИ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош