НОВ ЖИВОТ

Loading Video...

Адем e специјалец, успешен во својата работа, кој мора да ја напушти должноста и да започне нов живот откако тешко се повредува.

Адем прифаќа да работи како телохранител на Јасемин, убава и млада сопруга на богатиот бизнисмен Тимур. Кога на Тимур му се заканува непознато лице со испраќање на анонимни писма, тој решава да ја заштити својата сопруга преку ангажирање телохранител со цел да не се повтори минатото кога била убиена неговата прва сопруга. Адем не само што ќе работи како нејзин телохранител, туку и започнува да го истражува случајот за да ги открие вистинските виновници кои стојат зад писмата со закани. А истрагата го води кон неочекувано откритие и тајна која се крие зад навидум совршениот живот на Тимур и Јасемин.