Балкан
8. March 2021 - 14:52

Нов земјотрес во Хрватска со јачина од 3,6 степени

Во Хрватска попладнево регистриран нов земјотрес со јачина од 3,6 степени.

Епицентарот на новиот земјотрес бил на пет километри од Глина.

„Како зградата да потскокна“, навел еден од очевидците. „Непријатен земјотрес кој траеше 4-5 секунди, без претходен татнеж во земјата. Беше изненадување“, напиша друг корисник на веб-страницата на ЕМСЦ.

Земјотресот бил почувствуван и во Загреб, како и во Босна.