Македонија
16. January 2018 - 23:07

Нов земјотрес вечерва во Македонија предизвика вознемиреност кај граѓаните

Во 21 часот и 22 минути вечерва земјотрес со јачина од 2,2 степени е почувствуван во Охридско.

Епицентарот на земјотресот бил на 12 километри северо-источно од Охрид, на длабочина од 1 километар.

Деновиве земјотреси имаше во Дојранско, но и во околината на Лозово.