Балкан
1. January 2021 - 14:54

Нов земјотрес со јачина од 3,6 степени ја погоди Хрватска

Нов земјотрес со интензитет од 3,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска Хрватска.

Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар првично објави дека јачината на земјотресот е 4,0 степени според Рихтеровата скала, но потоа прецизира дека земјотресот бил 3,6 степени.

Земјотресот е регистриран на длабочина од два километри, а епицентарот бил на четири километри југозападно од Сисак.