Македонија
4. October 2016 - 16:29

Нов земјотрес со епицентар во Скопје со јачина од 3.1 степен според Рихтер

Нов земјотрес со јачина од  3,1 степен според РихтероваТА скала повторно ги вознемири скопјани. Потресот е почустуван во 12 часот и 52 минути со епицентар во Скопското епицентрално подрачје.

Од сеизмолошката опсерваторија посочуваат дека граѓаните треба да бидат смирени и дека овие потреси се дел од афтершоковите како последица на земјотресите што го погодија Скопје во изминатиот месец.

Скопјани пред камерата на Сител велат дека овој пат помалку се исплашиле. Се андеваат дека нема да има нови потреси.

Во периодот од 11 до 14 Септември, Скопјани беа сведоци на серија земјотреси што го погодија главниот град Најголемиот беше оној од 5.3 степени според Рихтеровата Скала, кој предизвика оштетувања на повеќе објекти а медицинска помош со полесни повреди побараа стотина лица.