Балкан
13. February 2017 - 8:28

Нов земјотрес ја стресе Грција

Продолжуваат сеизмичките активности покрај грчкиот остров Лезбос во Егејското Море, откако вчера беше регистриран силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала. 

Земјотресот бил почувствуван на островот. 

Епицентарот на земјотресот е локализиран во регионот на крајбрежјето северно од Лезбос. 

Во моментов нема податоци за жртви и материјални штети. 

Ова е четвртиот по ред земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала во текот на последната недела, чии епицентар се наоѓа во истиот регион.