Loading Video...
Свет
24. јуни 2022 - 16:28

Нов земјотрес го погоди источен Аваганистан, при што загинаа 5 лица

Нов земјотрес го погоди источен Аваганистан, при што загинаа 5 лица.  Потресот со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала се случил  утрово во провинцијата  Пактита. Таа провинцијата пред два дена беше погодена од разорен земјотрес  при загинаа над  1150 лица.  Спасувачките екипи објавија  дека  ја прекинале потрагата по преживеани  но не соопштија  зошто. ДЕлумно или целосно уништени се околу 10 000 куќи. ОН испратија храна, , шатори и вреќи за спиење  за најзагрозените семејства во Пактика.

Украинските сили добија наредба да се повлечат од градот Севродоњецк на истокот на земјата. останувањето на позициите нема смисла. Бројот на загинати расте –сопшти гувернерот на Луганск, Серхиј Гајдај. Тој не кажа  кога војската ќе се  повлече од Северодоњецк, кој речиси е целосно под руска контрола.. Падот на Северодонецк ќе го остави единствено соседниот  град Лисичанск под контрола на Украинците, во областа Луганск. Украинските  војници објавија дека утрово  успеале да го одбијат рускиот напад на јужната периферија на градот. 

Одлуката на Украина и Молдавија да им се додели кандидатски статус за влез во ЕУ  За Русија  е внатрешна работа на Европа. За Моксва важно е  само одлуката да не донесе дополнителни проблеми за Русија  изјави портпаролот на Кремљ.  Песков додаде  дека за разлика од НАТО, ЕУ не е воена органзиација и затоа Русија не се противи Украина да се приклучи во ЕУ.

Американскиот Сенат усвои нацрт-закон за ограничување на пристапот до оружје, најважниот закон за огнено оружје по речиси 30 години. Предлог-законот, предвидува лицата на возраст од 18 до 21 година да поминат низ посебна постапка за купување оружје и  не може да се издава оружје на лица осудени за семејно насилство врз партнер. Американскиот претсдеател  Бајден го пвоика Преставничкиот дом веднаш да  го усвои    за нацрт законот и да го испрати до неговиот претседателски кабинет.