Балкан
24. December 2016 - 11:49

Нов Земјотрес - Балканот не престанува да се тресе

Земјотрес со јачина од четири степени по Рихтер ја потресе Црна Гора 40 минути по полноќ.

Епицентарот бил на околу 20 км северно од Херцег Нови на длабочина од 10 км.

РТЦГ наведува дека потресот бил почувствуван и во други приморски градови како и на Цетиње, во Никшиќ и во Подгорица. зш/11:15