-->
-->
Нов удар за Реал, Рамос паузира до Нова Година
-->
Реал Мадрид до крајот на годината нема да може да смета на услугите на својот капитен, Серхио Рамос. Дефанзивецот кој уште во септември го повреди рамото, недоволно рехабилитиран се врати во тимот против Севилја (8.ноември), кога ја обнови повредата.
Рамос, во саботата, во дербито против Барселона (0:4) играл под инјекции, а по мечот рекол дека мора да земе одмор, за да може целосно да се рехабилитира од повредата.
„Не можам повеќе вака. Потребно е време за целосно да се опоравам од повредата. Мора да земам одмор“, рекол Рамос, кој ја исклучил можноста да оди на операција.
До крајот на оваа календарска година Реал ќе одигра осум натпревари, односно Рамос ќе ги пропушти првенствените натпревари против Еибар, Хетафе, Виљареал и Рајо Ваљекано, дуелите со Шахтјор и Малем во Лигата на шампионите и двете Куп средби со Кадиз.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово