Loading Video...
Кошарка
21. јуни 2018 - 18:57

Нов убедлив пораз на македонските јуниори од Турција

 
Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија по втор пат е поразена од селекцијата на Турција, во контролните средби кои се играат во Истанбул 
 
Една година помладите Турци која вчера во првиот меч славеа победа со 30-поени разлика (86-56), денеска во вториот дуле забележаа триумф со 31 разлика (87-56). 
 
За избраниците на Милевски овие натпревари како и претстојните со Бугарија, Романија и на Австрија во Скопје, (од 5 до 7 јули), се дел од подготовките за Европскиот шампионат што ќе се одржи во Скопје од 27. јули до 5. Август.