Loading Video...
Фудбал
30. November 2021 - 12:43

Нов убедлив пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска со 0-9

 
 
Откако во четвртокот во Скопје примија дури 11 голови, синоќа во Даблин примија девет. Нашата женска фудбалска селекција го претрпе и петиот пораз во шестиот натпревар од квалификациите за Светско првенство 2023 (Австралија и Нов Зеланд). 
 
Во дуел од Д група, макеоднските фудбалерки очекувано беа убедливо поразени на гостувањето кај Северна Ирска со 9-0, селекција која пред пет дена го доби првиот меѓусебен дуел со 11-0.
 
Така нашите фудбалерки остануваат на претпоследната позиција на табелата со трите освоени бодови во дуелот против Летонија селекија која досега ги загуби сите натпревари. 
 
Следните два натпревари во квалификациите нашите фудбалерки ќе ги играат во април месцес следната година кога во Скопје ја пречекуваат водечката Англија, а потоа гостуваат кај Луксембург.