Кошарка
15. October 2016 - 18:49

Нов убедлив пораз на Карпош Соколи во АБА лигата

 
 
 
 
 
И по единаесет одиграни натпревари македонските претставници во АБА лигата остануваат без победа, а тимот на Карпош Соколи го претрпе и петтиот пораз во својата дебитантска сезона.  
 
„Соколите“ попладнево на гостувањето во Загреб беа убедливо поразени со 23 поени разлика 102-79 од Цибона. 
 
Целата работа беше решена уште во првата четвртина која „Цибоси“ ја добија со 30:19, а на полувремето водеа и со 26 поени разлика 57:31.
 
Утре својот натпревар од 5.коло ќе ги играат кошаркарите на МЗТ Скопје кои од 19 часот гостуваат во Задар. 
 
Потсетување дека и МЗТ Скопје досега нема победа во четирите одиграни средби, па доколку остане така и по дуелот со Задар тогаш едно е сигурно дека во наредното 6.коло конечно еден од македонските тимови ќе се радува, бидејќи во недела на 23 октомври во „Јане Сандански“ екипите на МЗТ Скопје и Карпош Соколи ќе го играат првиот меѓусебен дуел.