Нов трофеј за Меси
Лионел Меси е првиот фудбалер кој ја освоил „златната копачка“ во Европа три години во низа, откако Килијан Мбапе, неговиот најблизок ривал не успеа да постигне четири гола во последниот лигашки меч на Пари Сен-Жермен.
Ова е шеста вкупно титула за Меси, откако постигна 36 голови за Барселона, додека Мбапе заврши со 33 гола за ПСЖ. 31-годишниот Аргентинец вчера изјави дека не размислува многу за „златната копачка“ уште соземајќи се од елиминацијата во Лигата на шампионите со шокантниот пораз од Ливерпул на „Енфилд“.
„Воопшто не размислував за тоа, бидејќи уште се справувам со тоа што се случи против Ливерпул и не размислувам за индивидуалните награди“, изјави Меси, кој денеска со Барселона ќе се обиде да го освои Копа дел Реј против Валенсија.
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците