Loading Video...
Ракомет
10. February 2018 - 16:43

Нов триумф на вардарки во ЛШ

Ракометарките на Вардар ја остварија и деветтата победа во исто толку одиграни натпревари во Лигата на шампионките.

Вардарки попладнево во Јане Сандански го совладаа црногорскиот тим Будуќност со 31-24. 

Целата работа црвено-црните ја завршија уште во првиот дел кој го добија со 19-8, па второто полувреме беше само чиста рутина. 

Андреа Пенезиќ со 9 постигнати гола беше најефикасна во редовите на македонскиот шампион, но и на натпреварот, додека Кузњецова и Цвијиќ постигнаа по 4 гола, а глманката Амандин Лејно средбата ја заврши со 15 одбрани. 

Вардарки се убедливо први во групата со 16 бодови, пред тимот на Мец (8), кој е следниот противник на вардарки во мечот закажан за 25 февруари во Франција.