Loading Video...
Фудбал
17. December 2017 - 9:53

Нов триумф на Реал Мадрид на Светското клупско првенство

Актуелниот европски и светски шампион Реал Мадрид ја одбрани титулата на Светското клупско првенство. 

Реал во финалето на ова натпреварување што се одржуваше во Обидинетите Арапски Емирати, со 1-0 го совлада јужно-американскиот шампион Гремио од Бразил. 

Стрелец на единствениот гол беше Кристијано Роналдо од слободен удар во 53-та минута. 

Реал е првиот тим кој успеа да ја одбрани титулата, а тоа е вкупно трета во овој формат на натпреварување, досека со трите од Интерконтиненталниот куп, Реал Мадрид е најтрофејниот тим во ова натпреварување. 

Лука Модриќ ја освои „златната топка„ како признание за најдобар играч на финалето.

Претходно во дуелот за третото место шампионот на Средна и Северна Америка, мексиканската екипа Пачука со 1-0 го совлада домашниот тим на Ал-Џазира.