Loading Video...
Спорт плус
26. January 2020 - 15:24
Нов триумф на Американката Михаела Шифрин
Микаела Шифрин ја оствари 66-тата победа во кариерата, а шеста сезонава во Светскиот куп.
Американката, денеска триумфира на супервелеслаломската трка што се одржа во Банско, Бугарија и тоа со 29.стотинки побрзо време од Италијанката Марта Басино.
Со оваа победа Шифрин е на само една помалку од легендарниот Марсел Хиршер, кој е трет на вечната листа со 67, зад Линдзи Вон која во кариерата оствари 82 победи и неприкосновениот Швеѓанец, Ингемар Стенмарк лкој дури 86 пати победиваше во Светскиот куп.
Со овој триумф Американката се зацврсти и на првото место како во поредокот во супервелеслалом така и во генералниот пласман каде има дури 370 повеќе од Федерика Брињоне од Италија.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->