Македонија
13. January 2018 - 16:25

Нов тип на грип поопасен од свинскиот забрзано се шири низ Европа

Поопасен грип од свинскиот оваа сезона се шири во Европа. Од вирусот Х3 Н2 наречен “Австралиски грип” досега во Велика Британија починале 93 лица, а над 2000 се во болница.

Случаи на заразени се регистрирани и во Франција. Бидејќи се работи за мутиран вирус тритипната вакцината која беше направена за оваа сезона не штити од овој грип, предупредуваат британски експерти.

-Општо земено, H3N2 има тенденција да биде малку потежок од H1N1 во 2009 година, изјави за Дејли меил Питер Хорби, професор за новите инфективни болести на Универзитетот Оксфорд.

Во 2009 од таканаречениот свински грип во светот починаа 300.000 лица.

Инаку новиот вирус есента во Австралија тројно го зголемил бројот на пациенти со оваа сезонско заболување, а имаше и педесетина починати лица.

Засега во Македонија не е регитриран “Австралискиот поттип на грип”. Минатата недела биле пријавени 246 новозаболени лица според клиничката слика, што е релативно мал број па затоа епидемиолозите предупредуваат на внимателност бидејќи кај нас допрва доаѓа сезоната на грипот.