НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД: Вооружен маж избодел неколкумина на плоштад
Маж вооружен со нож им нанесе повреди на неколку минувачи во центарот на градот Турку, во западниот дел на Финска, соопшти финската полиција на својот налог на Твитер.
Според истиот извор, полицајци го раниле напаѓачот во нозете со истрели од огнено оружје и го уапсиле.
Електронското издание на локалниот весник „Турун Саномат“ објави дека напаѓачот убил едно лице, но полицијата засега не ја потврди ваквата информација.
Во полициското соопштение не се наведува бројот на жртвите, како ни дали станува збор за терористички напад, туку само им се препорачува на граѓаните „да го избегнуваат центарот на градот“.
Финската национална телевизијата „Иле“ јави дека во Турку во тек е полициска операција, дека центарот на градот е блокиран, како и дека се слушаат истрели.
Сведоци на настанот за финските медиуми изјавија дека виделе повеќе лица како лежат на земја.
Поради инцидентот во Турку, засилени се безбедносните мерки на аеродромот и железничките и автобуските станици во Хелсинки.
Во 2012 година тогашниот фински премиер Јирки Катајне избегна напад со нож во Турку за време на кампањата за локалните избори, Напаѓачот беше човек со психички проблеми, против кого не беше покренато обвинение.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација