Свет
14. December 2015 - 11:03

Нов терористички напад во училиште во Париз

Наставник во училиште во предградие на Париз е нападнат со нож во училница, а напаѓачот извикувал - Исламска држава, јавија локални медиуми.

Нападот е извршен во училница во школо во Обервил во кој наставникот бил сам, а напаѓачот викал: Ова е предупредување од Даеш (исламска држава).

Наставникот бил прободен во вратот, но е вон животна опасност. Напаѓачот е во бегство. Локалните медиуми јавуваат дека напаѓачот влегол утрово во училницата невооружен, но таму зел нож за хартија и ножици.