Свет
6. April 2017 - 9:32

Нов терористички напад во Русија, експлозија во близина на училиште

Едно лице е повредено во експлозија во градот Ростов на Дон, во јужна Русија, соопштија руските власти. 

Експлозијата одекнала во близина на училиште, а повреден е работник кој работел на одржување.  

Руски медиуми јавуваат дека експлозивната направа експлодирала, кога човек ја подигнал од земја.

- Маж крена сомнителен објект, кој експлодира. Прстите му беа целосно разнесени, а се здобил и со повреди во стомакот. Тој е префрлен во болница.

ТАСС јави дека бомбата била „маскирана“ како рачна батерија.

Училиштето ја откажа наставата, а областа е евакуирана.