Нов терористички напад: Две експлозии пред хотел, има и жртви
Најмалку четири лица загинаа, а 12 се повредени во експлозии на две бомби во близина на хотел во египетскиот град Ал-Ариш, најголемиот на Синајскиот Полуостров, во кој биле сместени судии учесници во избирачкиот процес во земјата, информираа безбедносни и медицински извори.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, пренесуваат британските медиуми.
Во експлозиите загина еден полицаец, додека двајца судии се повредени.
Државната телевизија и безбедносни извори наведоа дека прво експлодирал автомобил-бомба, а десетина минути подоцна во истата област одекнала и втората експлозија .
Бомбаш-самоубиец се обидел со автомобил бомба да влезе во хотелот пред безбедносните сили да отворат оган врз него, по што автомобилот експлодирал, прецизираа безбедносни извори.
На местото на нападот, околу кој војската и полицијата веќе направиле безбедносен обрач, пристигнале возила на итната помош, информираа безбедносни извори.
До експлозиите доаѓа еден ден по завршувањето на вториот круг од парламентарните избори, наведуваат британските медиуми, потсетувајќи дека огранокот на Исламска држава во Египет - „Синајска провинција“, слични напади во овој регион изведувал и порано, во обид да ја собори владата во Каиро.
Ново на Сител
-
Албанската опозиција во кампања со поддршка од косовскиот премиер
-
Анкета на ИРИ: Србите најголеми пријатели, Бугарија најголема закана за Македонија
-
Младите се пречесто на социјалните медиуми – не пребаруваат за политика
-
Наместо зголемени плати за 12%, вработените во култура не добија никаква плата за март - најавија протести
-
Доживотна казна затвор за кочанчанец кој усмрти жена на свиреп начин
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори