Свет
30. јуни 2016 - 11:42

НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД: Бомбаш-самоубиец разнесе воен конвој, најмалку 40 лица загинаа

Бомбаш-самоубиец кренал во воздух воен конвој во Авганистан пред Кабул. Во нападот загинале најмалце 40 луѓе, цивили и полицајци, а ранети се поголем број луѓе.
 
Две бомби ги погодиле возилата кои превезувале дипломирани студенти кои се враќале од церемонија која се одржувала во западниот дел на Кабул.
 
Талибанците превземаа одговорност за овој напад, како и за нападот врз автобусот кој се случи пред една недела, во кој загинаа 14 лица.