Македонија
30. јуни 2016 - 18:15

Нов температурен шок од утре

Времето утре во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Температурата ќе се движи од 26 до 38 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со дожд.

Температурата ќе достигне до 36 степени. 

Во почетокот на наредната недела времето ќе биде стабилно со благ пад на температурата.