Спорт плус
11. May 2018 - 15:02

Нов светски рекорд во голмански дегажман!

Во Англија веќе одамна статистичарите водат евиденција за сите рекорди, така е и во светскиот фудбал каде во Гинисовите рекорди е запишано дека голманот на Манчестер Сити, Бразилецот Едерсон Мораеш поставил рекорд по најдолг дегажман. Неговиот удар ја испратил топката на далечина од 75.35 метри  со што го подобрил претходниот рекорд за цели 35 сантиметри.
Бразилецот  минатото лето од Бенфика пристигна во Манчестер Сити за сума од 40 милиони евра и е стандарден на голот на граѓаните каде настапи на 36 средби а дури на 16 не примил погодок.