Македонија
8. March 2019 - 11:26

Нов студен бран од понеделник - подгответе се!

Под влијание на влажен и постуден бран во понеделник во вечерните и ноќните часови ќе настапи значителна промена на времето. Ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег и ќе дува умерен до засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Врнежите ќе продолжат и во вторник, а температурите ќе бидат во значително опаѓање.