Македонија
21. јуни 2019 - 16:24

Нов софтвер предизвика кус застој на царините

Царината се правда, бизнисмените обвинуваат. По вчерашните реакции и денеска приватни  компании велат дека има застој на граничните премини. Тврдат дека не работи новиот царински софтвер а тоа им ја зголемувало штетата. Царинската управа ги отфрла обвинувањата, потврдувајки притоа дека само два часа во текот на една ноќ имале проблем со софтверот.

-Ноќта помеѓу 18 и 19 јуни од 2 и 30 часот по полноќ настанати се повремени прекини односно 2 пати по 2 часа на достапноста на системот за обработка на царински декларации и акцизни документи. Прекините се од техничка природа, велат од царина.

Од царинската упрва тврдат дека уште во средата проблемот бил надминат, притоа посочувајки дека немалчо застој на граничните премини.  

Новиот систем, ги опфаќа сите царински и акцизни постапки кои се користат во земјите од Европската унија. Превозниците очекуваа тој да го намали времето на чекање и да овозможи побрз проток на стоки.

Од Стопанската комора, посочија дека компаниите кои доаѓаат од земјите од Западен Балкан, а не се членки на Унијата, имаат и до шест пати поголеми трошоци, бидејќи нивните камиони се задржуваат и до 10 пати повеќе на границите.