Нов софтвер предизвика кус застој на царините
Новиот царински софтвер направи застој на граничните премини. Превозници за Сител посочија дека поради новиот систем на граница чекале со часови, па дури и по неколку денови. Од царинската управа потврдија дека поради новитетите имало застој, но велат дека тој бил само неколку часа. Од таму уверуваат дека проблемот веќе е надминат и нема подолги задржувања на граничните премини.
Ноќта помеѓу 18 и 19 јуни од 2и 30 часот по полноќ настанати се повремени прекини односно 2 пати по 2 часа на достапноста на системот за обработка на царински декларации и акцизни документи. Прекините се од техничка природа. Но во текот на вчерашниот ден проблемот е надминат. Во тој период не се забележани дополнителни проблеми, Системот фунцкионира и нема никакви застои на граничните премини, се вели во дописот од царинската управа.
Од управата уверуваат дека новиот систем е еден од најсовремените но и најкомплексни системи со кој се опфаќаат сите царински и акцизни постапки кои се користат во земјите на ЕУ. Превознците очекуваат тој да го намали времето на чекање и да овозможи побрз проток на стоки.
Најфреквентни гранични премини се Богородица и Табановце. Токму овие прмеини ги користат и странските превозници како транзитен коридор за влез во други држави.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар