Македонија
23. February 2019 - 11:38

Нов снег, проодни сите патишта во општина Кавадарци

Нов снег наврна во кавадаречко. Од фирмата која од Општина Кавадарци е избрана за зимско одржување на улиците и патиштата,  за МИА информираа дека сите општински дестинации се проодни.

-Од висорамнината Витачево кон Кожуф планина новата снежна покривка изнесува десетина сантиметри. Интервениравме во градот, па се префрливме на патиштата кои водат кон планинските села. Доколку се има потреба да се патува во повисоките места, задолжително да се носи зимска опрема и да се вози крајно внимателно, со оглед на временските услови, препорачува Лазар Лазов од компанијата која се грижи за зимско одржување на улиците и патиштата.