Македонија
28. September 2020 - 12:44

Нов случај на заразена воспитувачка во градинка во Битола

Нов случај на заразена воспитувачка во градинка во Битола е откриен денеска откако тестот бил направен во текот на викендот.

Позитивната воспитувачка е од истата градина каде што кај повеќе од две недели имаше позитивен случај на негувателка. Под здравствен надзор во домашна изолација се ставени 13 деца од групата и негувателката.

Директорката на градинката „Мајски цвет“ под чија надлежност е градинката „Коца Василева“ Снежана Тодоровска информира дека овој втор случај е сосема неповрзан со првиот случај. Воспитувачката штом дознала дека нејзиниот сопруг бил во контакт со  позитивен случај на корона вирус ја известила директорката на градинката која и рекла да остане дома, а последен ден кога воспитувачката била на работа бил четвртокот, во петокот е ставена во изолација, а во саботата направила тест кој испаднал позитивен.

Веднаш биле информирани родителите на децата кои ја посетуваат оваа градинка, кај родителите не се појавила паника.

Не постои опасност од пренесување на вирусот на децата бидејќи воспитувачката ги почитувала здравствените протоколи и носела заштитна маска, сепак децата и негувателката се наоѓаат во изолација заради претпазливост.