Нов случај на заразена воспитувачка во градинка во Битола
Нов случај на заразена воспитувачка во градинка во Битола е откриен денеска откако тестот бил направен во текот на викендот.
Позитивната воспитувачка е од истата градина каде што кај повеќе од две недели имаше позитивен случај на негувателка. Под здравствен надзор во домашна изолација се ставени 13 деца од групата и негувателката.
Директорката на градинката „Мајски цвет“ под чија надлежност е градинката „Коца Василева“ Снежана Тодоровска информира дека овој втор случај е сосема неповрзан со првиот случај. Воспитувачката штом дознала дека нејзиниот сопруг бил во контакт со позитивен случај на корона вирус ја известила директорката на градинката која и рекла да остане дома, а последен ден кога воспитувачката била на работа бил четвртокот, во петокот е ставена во изолација, а во саботата направила тест кој испаднал позитивен.
Веднаш биле информирани родителите на децата кои ја посетуваат оваа градинка, кај родителите не се појавила паника.
Не постои опасност од пренесување на вирусот на децата бидејќи воспитувачката ги почитувала здравствените протоколи и носела заштитна маска, сепак децата и негувателката се наоѓаат во изолација заради претпазливост.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација