Македонија
19. јуни 2021 - 16:45

Нов случај на заразен со индискиот сој во земјава

Детектиран е и вториот случај на индиски сој во земјава. Се работи за меѓусебно поврзани случаи. Двајцата Македонци кои се позитивни на индискиот сој од коронавирусот биле колеги и заедно работеле во Ирак.
Според информациите од Министерството за здравство, вториот случај е детектиран пред околу една недела. Инфицираниот најпрво бил хоспитализиран во Ирак. Потоа, по сопствена желба е пренесен во Македонија и со специјален транспорт е директно однесен во приватна клиника, каде го продолжил своето лекување, со што немал контакт со други лица.
Најверојатно и двајцата инфицирани од индискиот сој не биле вакцинирани.

Министерот за здравство вели дека нема простор за паника, ниту има потреба од дополнителни превентивни мерки во врска со појавата на индискиот сој.