Македонија
26. December 2018 - 16:54

Нов случај на морбили во Радишани

Братче на едно од петте заболени деца од Радишани се заразило со мали сипаници. Детето е во стабибилна здравствена состојба на Инфективната клиника, потврдија од скопскиот Центар за јавно здравје. За една недела ова е седми случај со морбили во општина Бутел.  Епидемиолозите излегоа со загрижувачки податоци за бројот на невакцинирани во Скопје. МРП не примиле дури 15.000 деца на возраст од 1 до 14 години.

- Опфатот со прва доза МРП вакцина за предучилишни деца е најнизок во општина Центар, во општина Карпош и во општина Аеродром, изјави прим.д-р Биљана Даниловска, раководител на одделението за епидемиологија во ЦЈЗ Скопје.

- Тој потенцираше дека кај 9 од 10 лица, кои биле во контакт со заболено лице, постојат сериозни услови за ширење епидемијата во Скопје и во останатите градови во државата, изјави д-р Владимир Микиќ, епидемиолог во ИЈЗ

Претставници од здравство, образование и труд и социјала бараат правна регулатива вакцините да бидат задолжителни за упис во градинка или училиште.

- Веќе се одржани две работни средби на работна група, формирана од министерот за здравство, со претставници од МЗ, МТСП и ДСЗИ, со цел разгледување на можностите во законската регулатива за правото на заштита на децата од заразни заболувања, изјави проф.д-р Александра Грозданова, Комитет за имунизација.

Во меѓувреме додека да се најде правно решение лекарски тимови ке ги посетуваат градинките и училиштата и на родителите ќе им објаснуваат дека вакцините се безбедни и зошто е неопходно децата да бидат заштитени од мали сипаници.