Македонија
27. July 2015 - 16:03

Нов скандал со Жерновски: Партиски вработил 20 лица во општина Центар кои работеле во други општини

По партиска линија во Општина Центар вработил дваесетина вработени кои претходно работеле во други општини, Андреј Жерновски во нов скандал.

Роднини на високи функционери на СДСМ, Истакнати активисти на партијата, соработници на највисокото раковотство. Само од Општина Карпош, Жерновски преземал 8 вработени кои сега работат Општина Центар.

 

Жерновски ја вработил, Антица Сашек, мајка на Саша Сашек која е член на советот на Општина Центар и гласа за неговите предлози. Го вработил и Стојан Алексов, таткото на советникот на СДСМ во општина Карпош, Мартин Алексов. Ја вработил и Маја Ралевска која е секретар на Општинската Организација на СДСМ во Карпош.

Место под покривот на Жерновски си нашла и Јулијана Хаџиевска која е мајка на шефицата за протокол на Зоран Заев, Ивана Хаџиевска.

Наташа Иванова важела за блиска соработничка на Андреј Петров додека тој беше В.Д градоначалник на Карпош, сега таа е преземена од нејзиното работно место и работи во општина Центар.

Истото Жерновски го направил и со Вукица Куновска чиј сопруг е бизнис соработник на кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски – Циц, но и со членот на извршниот одбор на СДСМ во Карпош, Дане Стојковски.

И поранешната вработена во кабинетот на Радмила Шекеринска, Стефанија Макаровска е преземана од општина Карпош и сега работи во Општина Центар, нејзината тетка Даница Мартиновска е советничка на СДСМ во општина Карпош.

Сите овие луѓе претходно биле вработени во Општина Карпош и со години биле на истите работни места. Од Карпош велат дека никој од нив не е отпуштен, сите се префрлени во Општина Центар по барање на Жерновски.

Според информациите на Сител, освен од Карпош, Жерновски преземал вработени и од Општина Кисела Вода, Ѓорче Петров и Гази Баба. Како што велат нашите извори од Центар, неговиот план бил да ги преземе сите кадри на СДСМ кои работат во другите општини и од Општината Центар, која би треба да е сервис на сите граѓани, да направи партиско дувло.

Тој често обвинува за партизација на институциите, но по се изгледа департизацијата ќе треба да ја почне од својот двор.

Скандалот со партиските преземања е само еден од низата на скандали во кој е вмешан градоначалникот на Центар. Минатата недела тој беше во центарот на вниманието заедно со хаусмајсторот милионер кој го поставил за главен општински инспектор.

 

Претходно Жерновски беше главен чинител во скандалот со гаражите на бизнисменот Ристо Гуштеров, со идејата од пазарчето Буњаковец да се направи бензинска пумпа и со Боемската Улица каде во 100 метри квадратни вложи пола милион евра.