Македонија
30. October 2015 - 17:55

Нов систем во кривичниот суд - Телефонско закажување на термин за посета во затворот Скопје

Скопскиот кривичен суд ја олеснува постапката за закажување на термин за посета во затворот Скопје. Граганите повеќе нема да мора да го посетуваат судот и да ги носат документите. Закажувањето веќе може да се направи телефонски. На бројот 02 3115 706 од понеделник до петок од 9 до 12 часот ќе се оставаат податоците за посетителите и осуденото лице кое сакаат да го посетат. Судот по контактот со затвроските служби ќе ги известува граѓаните за денот и точното време кога е одобрена посетата на која ќе бидат обврзани да носат само личен документ за идентификација.

-   Единствено граѓаните кои за првпат поденсуваат барање за посета ќе бидат должни да дојдат до судот и да ги приложат сите неопходно документи за да се утврди во кое својство се со притвореното лице.

 Од судот очекуваат со овој систем значително да се намали времето кое е неопходно за издавање на овие дозволи. Податоците на кривичниот суд покажуваат дека само во месец октомври годинава биле извршени 360 посети што реално ја оправдува потребата за отварање на оваа линија. По скопскиот ваков систем веројатно ќе биде овозможен и во останатите затвори низ државата.

Од судот најавуваат дека до крајот на годината значително ќе биде олеснета и постапката за издавање на уверенија за неосудуваност. Ќе може да се аплицира електронски без потреба за доаѓање во судот, а и плаќањето ќе може да се изврши преку истиот систем.