Нов силен земјотрес во Турција
Нов силен земјотрес денеска ја погоди Турција. Потресот со јачина од 5,5 степени регистриран попладневно се случил на околу 350 километри западно од регионот кој со земја срамни повеќе турски градови. Европско-медитеранскиот сеизомолошки центар, земјотресот го лоцирал на длабочина од 10 километри, а според властите се уште нема пријавено штети, но специјални тимови веќе се на местото за да ги проценат последиците.. По катастрофалните земјотреси на почеток од месецов, досега во Турција се регистирани уште над 9 илјади потреси, а се предвидува дека тие ќе продолжат дури и во следните две години. Досега властите во Турција и Сирија пријавија над 50 илјади жртви од земјотресот на шести февруари.
Француско-германскиот предлог за договор меѓу Белгард и Приштина е прифатлив за Косовскиот премиер, Албин Курти. Тој во телфоснки разговор со високиот претставник на Стејт Департментот, Дерек Шоле, информирал дека договорот е добар предлог за понатамошни разговори за нормализација на односите со Србија. Ваквата информација доаѓа на само еден ден пред средбата Вучиќ – Курти која ќе се одржи во Брисел, од каде се тврди дека има силни сигнали дека во понеделник ќе биде прифатен планот за нормализација на односите Белград – Приштина.. Се очекува дека договорот ќе ја промени севкупната атмосфера во регионот, а ќе донесе и нови инвестиции и зголемување на финансиската помош од ЕУ.
Американските власти, повикувајќи се на разузнавачки информации, тврдат дека Кина размислува да ја помогне Русија со оружје. Властите во Москва бараат беспилотни летала и муниција, а Пекинг со месеци активно дебатира дали да испрати воена помош за Русија. Информацијата доаѓа кратко откако Кина предложи мировен план од 12 точки за решавање на украинската криза кој повикува на дијалог, бидејќи како што наведува документот – во војните нема победници.. Во меѓувреме, Амеркинаскиот претседател Бајден, изјави дека кинескиот мировен план не може да е добар штом го поздравил Путин.. – Јас не видов ништо во планот што укажува на негова употребливост, освен за Русија, наведува Бајден во телевизоско интервју.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар