Свет
4. March 2017 - 9:22

Нов силен земјотрес во близина на брегот на Папуа Нова Гвинеја.

Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска е регистириран во близина на брегот на Папуа Нова Гвинеја.

Геолошкиот институт на САД наведе дека за сега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Не е објавено предупредување за појава на цунами.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 120 километри јужно од островот Бугенвиј.