Балкан
3. March 2021 - 20:49

Нов силен земјотрес регистриран во Грција со јачина од 5,1 степен според Рихтер

Нов силен земјотрес регистриран во Грција во 19 часот и 24 минути.

Според ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 30 километри од градот Лариса.

Следувале неколку послаби земјотреси.

Да потсетиме, силен земјотрес од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди утрово Грција.

Во тој земјотрес имало повеќе повредени и се почувствувал низ целата земја.