Свет
24. September 2017 - 14:02

Нов силен земјотрес го погоди Мексико

По двата разорни земјотреси, едниот со јачина од 8,2 степени, а другиот од 5,8 степени според Рихтеровата скала, кои предизвикаа огромни штети ширум државата, и одземаа голем број човечки жртви, денеска следуваше уште еден силен земјоотрес кој создаде паника кај населението.

Денешниот земјотрес бил со магнитуда од 5,7 степени според Рихтеровата скала и ја погодил сојузната држава на Мексико, Чијапас, јавува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Наскоро се очекуваат повеќе детали.